Случајот бил пријавен истиот ден во 22:00 часот во СВР Скопје од мајката на детето, С.Б. (30) од Скопје. Таа навела дека синот при играње фудбал, ненамерно ја удрил жената со топка, по што таа реагирала агресивно и го нападнала со метална шипка, нанесувајќи му повреда на главата.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.