сабота, 12 јули 2025

Жена починала во куќа во Кисела Вода каде живеела како потстанар

На 20 јуни 2025 година, во 21:17 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во дом на подрачјето на општина Кисела Вода била пронајдена почината жена.

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за К.Ч. (77) од Скопје, која живеела како потстанар во објектот. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.

Случајот е под истрага.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ