среда, 11 март 2026

Жена почина во пожар во Тетово

При пожар во куќа на улица Вонвардарска во Тетово загина жена. Како што соопштија од СВР Тетово пожарникарите откако го изгаснале пожарот забележале дека во внатрешноста на куќата има починато лице.

Објавено на

часот

Сподели

Жената, која била во повозрасни години, кога настанал пожарот била сама во куќата бидејќи сопругот бил излезен од домот. Пожарникарите кои биле повикани од соседите за кратко го локализирале пожарот во една од собите.

На местото каде се случил пожарот се врши увид од страна на полицијата и Обвинителството за да се утврдат на деталите околу пожарот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ