Инцидентот се случил вчера во 11:20 часот, а повредената веднаш била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. За случајот е известен трудов инспектор, кој треба да ги утврди околностите на несреќата.
„Вчера во 11:20 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница Св.Наум Охридски било пријавено дека кај нив била донесена Е.Т.(52) од Скопје, која се здобила со тешки телесни повреди при влегување во лифт во зградата на МРТВ. За настанот бил известен трудов инспектор“, соопшти МВР.






