недела, 14 декември 2025

Жена од тетовско измамена за 500 евра со лажни ветувања за социјална помош

Во СВР Тетово била пријавена измама во која 59-годишна жена од тетовско село била оштетена за 500 евра.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавата поднесена на 16 септември околу 15:15 часот, жената била доведена во заблуда од лицето Х.Н. од тетовско и уште едно машко лице. Тие во текот на 2024 година ѝ ветиле дека ќе ѝ завршат работа за добивање социјална помош – туѓа нега, но за тоа ќе мора да плати 500 евра.

Жената ги подготвила потребните документи, но на крајот од 2024 година добила решение со кое ѝ било одбиено барањето. И покрај тоа, лицата продолжиле да ја убедуваат дека наскоро ќе ги добие парите, а потоа го прекинале контактот со неа, по што таа сфатила дека е измамена.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ