понеделник, 15 декември 2025

Жена од Штип ограбила книжарница со пластичен пиштол

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против 45-годишната А.М. од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „разбојништво“.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавата, на 30 мај 2025 година, во книжарница лоцирана во Штип, пријавената извршила разбојништво со употреба на пластичен пиштол. Таа, со закани, успеала да одземе пари од дневниот промет на објектот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот е расчистен и против сторителката е поведена соодветна кривична постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ