сабота, 17 мај 2025

Жена од Македонска Каменица физички ја нападнала снаата

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.Х. (49) од општина Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста, казниво по член 144 став 3 во врска со став 1 и член 45 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 24 април 2025 година, во семејниот дом, В.Х. физички ја нападнала нејзината 29-годишна снаа, сопруга на нејзиниот син. По интервенција на полициските службеници од полициското одделение Македонска Каменица, В.Х. била лишена од слобода.

Кривичната пријава е поднесена до Основното јавно обвинителство Делчево, каде се води понатамошна постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ