сабота, 12 јули 2025

Жена измамена со 20.000 евра за измислена операција на ќерката

Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 83-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 20.000 евра.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, истиот ден машко лице ѝ се јавило телефонски и се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка паднала и ја скршила ногата и морала да се оперира веднаш и дека операцијата е многу скапа бидејќи требало да и се вградат златна шипка и штрафови.

Како што е пријавено, откако телефонски се договориле, таа ги дала парите на едно женско лице на договореното место, а подоцна сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ