вторник, 16 декември 2025

Затвореник најден починат во затворот во Штип

Четириесетгодишен скопјанец што издржувал затворска казна во Казнено-поправната установа – Затвор Штип, вчера е пронајден починат во неговата соба, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип при Министерството за внатрешни работи (МВР).

Објавено на

часот

Сподели

Случајот во полиција е пријавен од затворската управа вчера во 10:35 часот. На лице место пристигнала екипа на Итната медицинска помош, а лекар констатирал смрт, утврдувајќи дека на телото на починатиот нема видливи траги на насилство.

„Вчера во 10:35 часот во СВР Штип од КПУ – Затвор Штип е пријавено дека во соба во установата е пронајден починат осуденикот В. М. (40) од Скопје“, велат од полицијата.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ