
Во акцијата, меѓу другото, откриени се 39 лица кои биле во угостителските објекти без поседување на ковид-сертификат, а кај две лица откриени се лажни ковид-сертификати. Затекнати се и 26 малолетници по 00.00 часот, евидентирани се прекршоци по основ на Законот за пушење, а во еден случај и согласно Законот за оружје, бидејќи кај едно малолетно лице бил пронајден нож.
Исто така, три угостителски објекти се затворени, односно запечатени од страна на ДПИ, поради евидентирани три кривични дела – две по член 378 („фалсификување исправа“) и едно по член 204 („точење алкохол на малолетно лице“), а регистрирани се и 36 прекршоци по разни основи од доменот на работа на ДПИ, ДТИ и УЈП.
Полициските службници евидентирале и 39 прекршоци по основ на Законот за заштита на населението од заразни болести, 43 прекршоци по основ на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, три по основ на Закон за лична карта, како и 23 прекршоци по однос на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, додека пак, 31 лице се приведени.






