„За небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин санкционирани се 48 пешаци, 33 за минување на црвено светло, а за време на контролата регистрирани се и 22 останати прекршоци“, велат од МВР.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел побезбеден сообраќај.






