петок, 20 февруари 2026

Запленето оружје на граница: полицијата приведе Италијанец со пиштол и импровизирани направи

Вчера на граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го привеле С.В. од Италија.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, при гранични проверки и контрола на возило со италијански национални ознаки, кое го управувал, пронајдени се и одземени осум импровизирани направи со игла за активирање на непозната муниција, пиштол калибар 22, шест кутивчиња со по 100 парчиња муниција, едно кутивче со 200 парчиња муниција, едно кутивче со 60 парчиња муниција и други предмети.

По наредба на јавен обвинител, лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ