вторник, 8 јули 2025

Запленети повеќе од два тона марихуана во Зелениково (ВИДЕО)

Полицијата денеска во објект на правно лице за производство на марихуана за медицински цели, лоциран  во општина Зелениково, одзеде 2.014 килограми сув цвет од растението канабис. Акцијата ја спроведоа полициски службеници од Бирото за јавна безбедност, Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, со поддршка на Единицата за брзо распоредување.

Објавено на

часот

Сподели

Канабисот е одземен од управителот Ш.Ф. (43) од Република Турција, поради утврдени нерегуларности во работењето, спротивно на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции. За ова од МВР веќе се поднесени и кривични пријави против правното лице и управителот според член 95-в од Законот.

Одземениот канабис е сместен во магацинот на Агенција за управување со одземен имот.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ