Според информацијта, полициските службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, ноќеска во периодот од два до четири часот, извршиле засилени контроли во водите на Охридското Езеро со цел спречување на незаконит риболов.
„На подрачјето на Струга и струшкото село Калишта, пронајдени се две висечки мрежи со должина од околу 400 метри, кои се најстрого забранети за лов на риба, со улов од 157 парчиња риба белвица, со вкупна тежина од 22 килограми. Мрежите и уловот се подигнати од водите на езерото и донесени во полициската станица за понатамошна постапка“, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.






