При контрола на патничко возило „ауди“ со тетовски регистерски таблички, кое А.С. го управувал, пронајдени се 49 кутии со филтри за цигари, 70 штеки со по 10 кутии цигари, 19 машинки за полнење на цигари и 98 килограми дробен тутун, стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 278-б и член 279 од Кривичниот законик.






