На 3 септември 2025 година, на магистралниот пат Битола – Прилеп, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило марка фолксваген голф, управувано од пријавениот. При прегледот биле пронајдени и одземени 32,5 килограми марихуана. Според истрагата, дрогата била наменета за транспорт до границата со Република Грција.
Против осомничениот е поднесена кривична пријава и тој е предаден на надлежните органи за понатамошна постапка.






