понеделник, 8 декември 2025

Запалено возило предизвика пожар во близина на Струмица

Струмичките пожарникари утринава учествувале во гасењето на опожарен автомобил. Во еден часот по полноќ на локацијата викано Двата пата, ТППЕ Струмица со едно противпожарно возило и четворица пожарникари-спасители интервенираше на гасење на запалено патничко моторно возило.

Објавено на

часот

Сподели

Пожарот беше во разгорена и поодмината фаза и беше зафатена и блиската вегетација на ридот, при што беше сопрено неговото натамошно ширење, информираат струмичката противпожарна служба.

Во моментов во државата, сите пожари се изгаснати, освен пожарот на територија на Македонски Брод кој покажува се уште одредена активност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ