вторник, 17 март 2026

Запален „ренџ ровер“ во Скопје

Рано утрово во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ф.О.(37) од Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, сопствениците на безбедносните камери забележале едно маскирано лице кое истурило течност на возилото, по што веднаш се запалило возилото. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ