Како што соопштија од СВР Скопје, ноќеска околу 02:45 часот било пријавено дека по претходно барање за лекарска интервенција, на посочената адреса пристигнала медицинска екипа составена од лекар, медицинска сестра и возач, при што било утврдено дека жената е почината.
По настанот, сопругот на починатата Е.Б. (40) и нејзиниот брат Б.Н. (39), двајцата од Скопје, им упатиле закани на членовите на медицинскиот тим.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.






