Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, патничко возило мерцедес со скопски регистарски таблици, управувано од М.Д., удрило во паркирано комбе „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, кое по силата на ударот се придвижило и удрило во друго паркирано товарно возило ман, со скопски таблици.
На местото на несреќата интервенирала Итната медицинска помош, а докторите само ја констатирале смртта на возачот М.Д.
На терен се извршува увид под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, а по завршување на увидот ќе бидат познати повеќе детали околу причините за трагедијата.