понеделник, 29 декември 2025

Загина возач откако излетал од патот кај селото Облешево

Во сообраќајна несреќа кај селото Облешево во општина Чешиново-Облешево почина возач, откако излетал надвор од коловозот. Во моментов се работи на утврдување на идентитетот на починатиот.

Објавено на

часот

Сподели

Од Министерството за внатрешни работи (МВР)  информираат дека во СВР Штип несреќата е пријавена денеска во 9:43 часот.

„СВР Штип е пријавено дека во село Облешево, патничко возило “мерцедес” со кочански регистарски ознаки излетало надвор од коловозот. Во близина на возилото бил пронајден починат возачот, а од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт“, се вели во соопштението од МВР.

Во тек е увидот на местото на несреќата и се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на возачот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ