среда, 17 декември 2025

Загина возач на патот Кочани-Виница

Вчера попладне во ОВР Кочани било пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки  дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ., излетало надвор од коловозот.

Објавено на

часот

Сподели

Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ