среда, 4 март 2026

Загина возач на БМВ по излетување од патот кај клучката Мирковци

Четириесет и четиригодишен возач го загубил животот во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на обиколницата Скопје – Тетово, во близина на клучката Мирковци.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека несреќата била пријавена околу 15:50 часот.

Според информациите, патничко возило БМВ со скопски регистарски таблички, управувано од Р.П. (44) од селото Сарај, излетало од коловозот. Возачот починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на Секторот за внатрешни работи Скопје, а причините за излетувањето од патот се утврдуваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ