вторник, 17 март 2026

Загина едно лице во сообраќајка кај Виница

Во сообраќајна несреќа во која учествувале две возила загина З.П. (65). Вчера на патот Кочани – Виница, во атар на Виница, се случила сообраќајка помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.Т. (59) од Штип и патничко возило „мазда“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.П.(65) од село Истибања, Виничко.

Објавено на

часот

Сподели

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „мазда“ Ж.П. (58) од Истибања, а со телесни повреди се здобиле, Ј.Т. и неговиот сопатник Г.Д. (65) од Штип, констатирани во Општата болница Кочани. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Виница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ