МВР соопшти дека 33-годишен маж управувајќи мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.
„Од здобиените повреди, мотоциклистот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица, се наведува во соопштението.
Од полицијата информираат дека по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.






