петок, 1 август 2025

Загина 17-годишен мотоциклист oд Кичево

Во тешка сообраќајна несреќа која вчера се случила во Кичево на крстосницата од улиците „Борис Кидрич“ и „Мирко Милески“ загина 17-годишник.

Објавено на

часот

Сподели

Сообраќајната несреќа се случила меѓу патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Е. (21) од село Стрелци, Кичевско, и мотоцикл „хамачи“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од Кичево. По несреќата малолетникот кој што се здобил со тешки телесни повреди, им подлегнал на повредите на пат кон Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош.

Извршен е увид од надлежен јавен обвинител од ОЈО Кичево и увидна екипа од ОВР Кичево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ