На 03.08.2025 во 10:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ја лишиле од слобода В.Н.(44), државјанка на Република Албанија. При гранична контрола, било констатирано дека шпанската возачка дозвола, која ја дала на увид, била фалсификувана.
За настанот е известен јавен обвинител и по целосно негово документирање, против В.Н. ќе биде поднесена пријава по член 378 од Кривичниот законик.
Истиот ден, во 16:40 часот на истиот граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода С.Р.(22) од село Глумово, Скопско. При гранична контрола, било констатирано дека германската возачка дозвола, која ја дал на увид, била фалсификувана.
За настанот е известен јавен обвинител и по целосно негово документирање, против С.Р. ќе биде поднесена пријава по член 378 од Кривичниот законик.
Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Е.Б.(33) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
Пријавениот бил затекнат како управува патничко возило со регистарски таблици кои потекнуваат од друго возило.






