понеделник, 5 мај 2025

За време на празниците ограбен бил домот на Фатмир Битиќи во Бутел

На 21 април во 11.40 часот во СВР Скопје, Ф.Б. (49) од Скопје пријавил дека во периодот од 7.30 часот на 18 април до 3 часот на 21 април со употреба на сила и погоден алат било влезено во неговиот дом на подрачјето на Бутел во Скопје и биле одземени пари и други предмети, информираа од МВР. За некои медиуми на албански јазик Фатмир Битиќи, поранешниот министер и потпретседателот на СДСМ, потврди дека од неговиот дом бил украден сеф.

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Некои медиуми објавија дека во сефот имало златни предмети и рачни часовници во вредност од повеќе од три милиони денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ