четврток, 11 декември 2025

За време на инцидентот во Инфомакс бил присутен и Стевче Јакимовски

По синоќешниот инцидент во редакцијата на Инфомакс полицијата го приведе Горан Спасов (43), лице со здравствени проблеми кое и претходно било спроведувано во психијатриската болница во Бардовци. Според информациите од МВР, Спасов бил испровоциран и прозван од уредникот на Инфомакс Алекандар Митовски – Мечка со зборовите „ако си маж дојди не се заканувај лингур еден“.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во 23,45 часот Спасов отишол во редакцијата и се обидел физички да се пресмета со Митовски и со Стевче Јакимовски, кој тогаш бил присутен во студиото. Мајката на Спасов била вработена во градинката Мајски цвет и била малтретирана од тогашниот градоначалник на Јакимовски, изјавил Спасов.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против Г.С. ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ