понеделник, 14 јули 2025

За три дена полицијата напиша над 2.000 казни

Во текот на првите три дена од овој месец полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, евидентираа вкупно 2.164 платни налози по основ на разни прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и по основ на Законот за возила, информираат од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Така, заради возење со брзина поголема од дозволената изречени се 521 санкција, за неправилно паркирање 473 мерки, додека пак 221 учесник во сообраќајот се отстранети од сообраќај поради непоседување возачка дозвола.

Како што се наведува во соопштението исто така, за 125 учесници во сообраќајот изречени се прекршоци за некористење сигурносен појас, 72 возачи се санкционирани за користење на мобилен телефон при управување со возило, и уште 201 лице за неносење заштитна кацига.

Покрај ова изречени се четири прекршоци за лица што управувале електричен тротинет, а изречени се и 10 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, а пак од сообраќај се отстранети 85 возачи заради возење под дејство на алкохол.

Согласно пак Законот за возила во првите три дена од јуни беа изречени вкупно 110 санкции, од кои по основ на технички неисправни возила 39 и по основ на возила коишто не биле регистрирани 71.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелираат од Министерството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ