МВР информира дека сообраќајната полиција синоќа, во периодот од 18 до 23 часот, спровел акциска контрола за прекршоци кои ги прават возачите на мотоцикли на територија на СВР Битола.
„За време на контролата констатирани и законски санкционирани се 90 прекршоци, од кои 50 на територија на Прилеп и 40 на територија на Битола“, велат од МВР.
Исто така, во периодот од 23 до 2 часот по полноќ на подрачјето на Битола била спроведена акциска контрола за управување возило под дејство на алкохол, при што казни им се изречени на пет возачи.






