При акциската контрола, соопштија денеска од МВР, санкционирани се и 208 друг вид сообраќајни прекршоци. Само на територија на Скопје се изречени и 12 санкции за пешаци кои не поминувале на пешачки премин.
„Министерството за внатрешни работи и денеска и во наредните денови ќе продолжи со ваквите акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници“, стои во соопштението.






