вторник, 24 март 2026

За кражба приведени две лица во Велес

Вчера во 16:15 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода А.М. (23) и Б.З. (30), двајцата од Велес, поради основи на сомнение дека од помошна просторија и возило на 51-годишен велешанец одзеле разни предмети.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира полицијата, дел од одземените предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот.

Лицата биле приведени во полициска станица, за настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ