Вчера вечер во полициската станица Виница, било пријавено дека во село Блатец, виничко, мопед априлија без регистарски таблици, управуван од 15-годишник од селото, удрил во малолетен пешак од Куманово, по што возачот го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.
Вчера попладне во СВР Битола било пријавено дека во село Долно Српци, општина Могила, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило шкода со битолски регистарски ознаки, управувано од П.А., и мотоцикл јамаха без регистарски таблици, управуван од Т.Р.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.Р., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола“, соопшти МВР.
Вечерта пак, било пријавено дека на крстосницата од улица Дебарска и улица Илинденска во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило опел зафира, управувано од Е.У. и патничко возило опел астра со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Ј. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Ј., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
А утрово, два часа по полноќ во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат во село Чајле, гостиварско, патничко возило бмв со гостиварски регистарски таблици, управувано од Д.А.Б. од Турција, а со привремено живеалиште во Гостивар, излетало од патот. При тоа, сопатничката Б.А. исто така од Турција, а со привремено живеалиште во Гостивар, се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гостивар. Увид извршила екипа од ОВР Гостивар.