сабота, 12 јули 2025
МВР билтен

За едно деноноќие полицијата регистрирала пијани возачи, десетина сообраќајки и уште толку тешко повредени

За едно деноноќие полицијата регистрирала пијани возачи, десетина сообраќајки и уште толку тешко повредени во Охрид, Битола, Кавадарци и Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска нешто по полноќ полициски службеници од ОВР Кочани го уапсиле Д.Д. од Виница, поради тоа што кај него биле измерени 2,88 промили алкохол во крвта, откако претходно на излезот од село Зрновци кон село Лески, кочанско, додека управувал патничко возило фолксваген голф без регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртил на патот.

„Тој е исклучен од сообраќај, известен е надлежен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило“, соопштија од МВР.

Вчера попладне полициски службеници од ОВР Крушево го уапсиле 67 годишниот Н.К.

„При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници го сопреле патничкото возило застава со крушевски регистарски ознаки, кое го управувал Н.К. и по преземени мерки констатирано е дека тој бил под дејство на алкохол, односно дека имал 2,09 промили алкохол во крвта. Н.К. бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило“, информираше МВР.

Во изминатото деноноќие полицијата регистрирала и шест сообраќајни несреќи. Три од нив се случиле во Охрид и по една во Скопје, Битола и Кавадарци.

Вчера околу 10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје -Тетово, кај село Арнакија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило сеат алтеа со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј. од село Буковиќ, скопско и патничко возило цитроен со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Р. од село Пештани, охридско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Р., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Вчера рано наутро пак, во СВР Охрид е пријавено дека  на магистралниот пат Кичево-Охрид, поточно  кај селото Ново Село, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило мерцедес со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Б. од село Желино тетовско и патничко возило форд куга со струшки регистарски ознаки, управувано од Ј.Џ. од село Биџево, струшко.

„Во несреќата Ј.Џ се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница Св.Еразмо во Охрид, кој што потоа поради сериозноста на повредите, е пренесен во Комплекс клиники Мајка Тереза Скопје. За настанот е известен надлежен Јавен обвинител, а увид е извршен од судски вештак и увидна екипа од СВР Охрид“, соопшти МВР.

Истиот ден, но напладне во СВР Охрид пријавено е дека на планински пат од селото Ливоишта кон селото Требеништа, охридско, дошло до самоповредување во кое австриски државјани А.Х. управувајќи моторцикл КТМ изгубил контрола над моторот и паднал на земјениот пат, додека пак В.Д.М. исто така австриски државјани управувајќи моторцикл марка хонда во обид да избегне судир со паднатиот моторциклист, закочил и излетал од планинскиот пат.

„Во несреќата В.Д.М се здобил со тешки телесни повреди, а А.Х. со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница Св.Еразмо во Охрид. За настанот е известен надлежен јавен обвинител, а увид е извршен од увидна екипа од СВР Охрид“, соопшти МВР.

Денеска три часа после полноќ во СВР Скопје e пријавено дека на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, Г.М. (54) од Скопје управувајќи патничко возило мазда изгубил контрола над возилото кое излетало надвор од патот, при што се превртело. Во несреќата Г.М. се здобил со тешки телесни повреди додека неговиот сопатник М.М се здобил со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Еден час претходно, во СВР Битола e пријавено дека во село Логоварди, битолско, моторцикл управуван од 17 годишната Т.Б. од истото село изгубила контрола и удрила во паркирано товарно возило.

„Во несреќата, таа се здобила со тешки теленси повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола“, соопшти МВР.

Вчера попладне пак, во полициската станица Кавадарци е пријавено дека на регионалниот патот Кавадарци -Росоман,  во близина на стопански објект се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило опел со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.Д. и патничко возило фолксваген голф со бугарски национални ознаки, управувано од А.Б. од село Трстеник, општина Росоман. Во несреќата сопатничката од возилото опел, П.Д. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Кавадарци, и потоа била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за натамошно лекување, а двајцата возачи се здобиле со телесни повреди. За настанот е известен надлежен Јавен обвинител, и увид е извршен од увидна екипа од ОВР Кавадарци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ