Вчера во 18:35 часот во СВР Штип е пријавено дека околу 18:30 часот на булевар ЈНА во станбена зграда настанал пожар на оџак кој поминувал во становите од прв до петти кат. Повредени лица нема, а од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип.
Три часа претходно било пријавено дека околу шест часот настанал пожар на оџак во стан на улица 9 Мај во Штип, сопственост на 41 годишниот С.А. од Штип.
„Поради вдушување на чад, неговата мајка Д.А. и неговата 39-годишна сестра С.Д., двете од Штип, биле спроведени во Комплекс клиники Мајка Тереза Скопје за укажување на лекарска помош.
Од пожарот е зафатен и друг стан, сопственост на Л.К. од Штип.
„Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил локализиран. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип“, информираа од СВР Штип.






