понеделник, 16 март 2026

За еден ден три сообраќајни несреќи на различни патишта во државата со тешки повреди на возачите

Вчера се случија три сообраќајни несреќи на различни патишта во државата. Во сите три случаи тешко повредени се возачите.

Објавено на

часот

Сподели

Во првиот случај, во 09:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат с.Форино–Гостивар патничко возило ауди со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(23) од с.Чегране, гостиварско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Во вториот случај, околу 12:15 часот во ОВР Кратово е пријавено дека на магистралниот пат кај с.Страцин, на место викано „Чатал“ – кратовско, патничко возило фиат добло со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(34) од Скопје, удрило во заштитна ограда.

Возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кратово.

Во третиот случај, околу 15:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид–Кичево, во атарот на с.Оровник, општина Дебрца, патничко возило смарт со охридски регистарски ознаки, управувано од А.А.(30) од с.Горенци, општина Дебрца, излетало надвор од коловозот.

Возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ