понеделник, 14 јули 2025

За еден ден регистрирани три сообраќајки во Тиквешијата

Три сообраќајки се случиле вчера во Тиквешијата, информираше доктор Ратко Грков, лекар во Итна медицинска помош во Кавадарци.

Објавено на

часот

Сподели

„Во една од сообраќајките, на патот  Кавадарци – село Возарци, кон селото Дреново, имаше едно потешко и едно полесно повредено лице. Во сообраќајната несреќа од градот кон росоманското село Рибарци, во која имаше и деветмесечно бебе, се работеше за полесни повреди. Во третата сообраќајка, стануваше збор за незгода на патот Неготино – село Градско, во близина на археолошкиот локалитет Стоби“, појасни за МИА доктор Грков.

Тој апелираше за внимателност, до сите учесници во сообраќајот, со цел поголема безбедност.

Повеќе детали за сообраќајките, се очекуваат во текот на денот, од страна на СВР Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ