Најбројни се прекршоците на брзо возење (279), за непрописно паркирање (241), а вчера 178 прекршоци направиле пешаците.
Инаку, вчера регистрирани се 84 учесници во сообраќајот кои немале возачка дозвола, во девет случаи откриени се алкохолизирани возачи, шестмина возачи минале на црвено светло, а казнет е и еден возач на електричен тротинет. Покрај ова по основ на неносење сигурносен појас изречени се 39 прекршочни казни, плус еден прекршок заради неносење заштитен шлем, а по основ на недозволено говорење на мобилен телефон при возење изречени се 34 платни налози.
Од сообраќај се исклучени вкупно 22 возила од кои 8 биле технички неисправни, а 14 биле нерегистрирани, соопшти МВР.