вторник, 20 мај 2025

За еден ден полицијата уапси 11 осомничени за незаконско чување марихуана

Вчера на ганичниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го уапсиле Г.Г. од Грција, кој допатувал со патничко возило бмв со германски национални ознаки. При извршен преглед кај него и во неговиот личен багаж, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. А во Скопје на различни локации биле уапсени десетмина осомничени за препродавање на марихуана.

Објавено на

часот

Сподели

„На 1 и 2 мај 2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.С., Б.Р., Ф.Ц., Т.В. и И.М., сите од Скопје, 50-годишната С.С. од Штип, А.Л. од село Р`жаничино, скопско, Г.А. од селоМиладиновци, скопско, Е.З. од село Љуботен, скопско и М.Ч. од Турција, со престој во Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана и бела тврда материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ