За разлика од тоа, според статистичкиот преглед од полициските активности, вчера беа евидентирани 28 прекршоци за неправилно паркирање, 51 прекршок изречен за возачи што управувале возилo без возачка дозвола, како и 32 прекршоци за возачи кај кои е детектирано присуство на алкохол над законски дозволеното ниво.
„Инаку согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во текот на вчерашниот ден санкционирани биле и 16 возачи на мотоцикли заради неносење заштитен шлем, потоа 14 лица заради користење на мобилен телефон при возење, додека пак прекршочно се санкционирани уште 26 лица кои некористеле сигурносен појас. Исто така, а согласно Законот за возила, шест возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а две заради техничка неисправност“, велат од МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.