четврток, 22 мај 2025

За еден ден две сообраќајни незгоди на возила на МВР

Еден скопјанец и еден битолчанец вчера биле предизвикувачи на две засебни сообраќајни незгоди кога налетале на возила на МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера вечер на булевар Босна и Херцеговина во Скопје, бмв со скопски регистарски таблички, управувано од Ш.Е., не застанал на даден знак за запирање од страна на полициски службеници од СВР Скопје и по кратко кратко време удрил во возило голф, сопственост на МВР.

„По преземени мерки, утврдено е дека Ш.Е. го управувал возилото под дејство на алкохол. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и известен е одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираа од МВР.

Вчера нешто пред 16 часот над село Крстоар во општина Битола пежо со битолски регистарски таблички, управувано од А.В., удрило во паркирано возило шевролет, сопственост на МВР.

„По преземените мерки, утврдено е дека А.В. не поседувал возачка дозвола, а возилото е со измината важност на регистрација повеќе од шест месеци. Од страна на полициските службеници од СВР Битола возилото е одземено, а против А.В. ќе бидет поднесени соодветни поднесоци“, соопшти МВР.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ