недела, 14 декември 2025

За два дена 1.455 казни за сообраќајни прекршоци

На 13 и 14 август издаде ни беа 1.455 издадени платни налози за сообраќајни прекршоци, од кои дури 145 прекршоци се за учество во сообраќај без возачка дозвола. Истовремено 20 возачи возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 179 возачи на мотоцикли се санкционирани заради неносење на заштитен шлем. 348 казни биле за брзо возење.

Објавено на

часот

Сподели

Инаку согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата  најмногу прекршоци во текот на викендот 384 се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 343 за недозволено паркирање, додека пак прекршочно се санкционирани уште 51 возач за некористење сигурносен појас, 31 заради користење мобилен телефон при возење, 27 минале на црвено светло, а седум возачи се санкционирани поради не исполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата.

Исто така, а согласно Законот за возила, 39 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ