Во 15:25 часот кај клучка Камењане ја лишија од слобода Е.А. (29) од Тетово, која управувала патничко возило „голф“ со тетовски регистерски ознаки со брзина од 158 километри на час, а во 16:40 часот го лишија од слобода С.М. (30) од Гостивар, кој управувал патничко возило „пасат“ со тетовски регистерски ознаки со брзина од 152 километри на час.
Во 14:25 часот кај наплатната станица Гостивар од слобода е лишен Н.Ј. (58) од село Неготино, кој управувал патничко возило „ауди“ со гостиварски регистерски ознаки со брзина од 158 километри на час, во 14:30 часот од слобода е лишен Ќ.М. (66) од Дебреше кој управувал патничко возило „фолксваген кади“ со швајцарски национални ознаки со брзина 167 километри на час, во 15:40 часот од слобода е лишен Н.Б. (30) од Синичане, Тетовско, кој управувал патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистерски ознаки со брзина од 151 километри на час. Во 17 часот од слобода е лишен Г.Н. (50) од Битола, кој управувал патничко возило „пасат“ со битолски регистерски ознаки со брзина од 152 километри на час.
Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци согласно член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило“.






