Изречени се и 26 мерки за возење без возачка дозвола, седум за нерегистрирани возила, 10 за некористење сигурносен појас, седум за недавање првенство на минување на пешаци, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), како и три санкции за прекршоци што ги прават мотоциклите.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.






