Од вкупно 330 казнети возачи, 34 возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа, 139 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 191 на отворен пат, информира Министерството за внатрешни работи.
Од МВР им порачуваат на возачите да не ја надминуваат дозволената брзина, но и да ја прилагодуваат брзината согласно условите на патот.






