вторник, 7 април 2026

За 24 часа пријавени десетина физички пресметки и напади во Скопје

Десетина пријави за физички напади и инциденти во различни делови на Скопје примила полицијата во градот. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Објавено на

часот

Сподели

Утрово во три часот по полноќ, П.Н. пријавил дека околу 1:30 часот, кај Транспортниот центар во Скопје, била физички нападната од две женски лица.

Вчера наутро во СВР Скопје бил пријавен инцидент во општина Аеродром, каде што дошло до физичка пресметка помеѓу Р.Б. и А.Б. од една страна и Р.Р. од друга страна, сите од Скопје. За време на пресметката бил употребен тврд предмет.

Вчера поладне, Е.Б. пријавил дека околу 14 часот на подрачјето на Гази Баба неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник.

Вчера околу 15:30 часот, И.Ј. од Скопје пријавил дека завчера на 05.04.2026 во скопски Ѓорче Петров, му бил одземен мобилниот телефон со употреба на физичка сила.

Два часа претходно пак, 42-годишен маж пријавил дека бил физички нападнат од О.А. и две други лица, додека работел како контролор на ЈСП за наплати и билети. Од Полицијата велат дека случајот се истражува.

Истиот ден попладнето во СВР Скопје бил пријавен инцидент во Горно Свиларе, каде што по претходно меѓусебно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.А. и С.Х. од една страна и И.М. и еден малолетник од друга страна.

Дополнително, 50 годишниот В.П. од Скопје пријавил дека на 27 март 2026 година, на подрачјето на Ѓорче Петров, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од неколку малолетнички, а за настанот имало и видео материјал.

Завчера пак во 15 часот, Ќ.М. од Студеничани пријавил дека тој, неговата мајка Х.М., сестрата Ш.М. и тетката И.М. биле физички нападнати од соседите С.А., И.Р. и С.А.

„Се преземаат мерки за расчистување на сите случаи“, соопштија од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ