По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска во демирхисарското село Обедник е приведен и М.С. (62) бидејќи во неговиот дом е пронајдена одредена количина на оружје и муниција, соопшти полицијата. Пронајдени и одземени се четири пушки, еден пиштол и 158 куршуми различен калибар. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.