Првопријавениот, во периодот од 1 јануари 2020 до 7 ноември 2023, во повеќе наврати впишал и издал здравствени прегледи во санитарни книшки и евидентни листови со ист сериски број издадени на повеќе правни лица со невистинита содржина и не ги евидентирал во евиденцијата на Центарот за јавно здравје Кочани со што го оштетил буџетот на Центарот за јавно здравје за износ од 89.200 денари.
Второпријавениот, кој бил задолжен за водење на евиденцијата на Центарот за јавно здравје, во амбулантскиот дневник за евидентирани здравствени прегледи, во периодот од 29 март 2022 до 7 ноември 2023 во повеќе наврати не ги евидентирал редоследно сите извршени здравствени прегледи за 2022 и 2023 година.