Пријавената, вработена во филијала на една банка во Тетово, на 3 ноември 2025 година во службени простории примила 39.000 евра од 59-годишник од Тетово, кои тој сакал да ги депонира на својата сметка. Наместо да ги уплати во рок од три дена, таа ги присвоила парите.
На 18 ноември 2025 година, оштетениот повторно отишол во банката, и дел од парите му биле вратени преку овластено лице на филијалата, а остатокот преку управител на правното лице. Сепак, целосниот износ од 39.000 евра не му бил вратен.
Полицијата продолжува со истрага за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности.






